Битолскиот очен лекар, д-р А.Х., го раскажува следниот необичен случај:
– Ми донесоа, вели, еден ден некој слеп Турчин од Охрид. Го гледам јас, очите му се отворени, по изгледот му се здрави, но тој ништо не гледа. Кога го прашав како ослепел, тој ми раскажа како еднаш минувал со другарите патем покрај црквата на свети Еразмо крај Охрид. Здогледувајќи ја каурската светост, тој го иставил пиштолот и пукал во црквата. Пиштолот му испаднал од рака, а тој останал без вид. Да не е од барутот, вели, јасно е од тоа што не осетил никаква болка ни надворешно ни однатре, само видот сосема му се изгубил. И очите му останале здрави, но без вид. Како некој да ја подал својата таинствена рака и му ја зел способноста да гледа.
– Потоа раскажал тој ист доктор како го лекувал и го лекувал на различни начини, но не можел да го излекува. Тој Турчин и сега е жив и – слеп.
Од кн. „Емануил“, 1937