


Жената што ги донесе чорапите
Летото 2015 со синот и снаата со кола се враќавме доцна навечер откај Струга за Охрид. Седам на задното седиште. Кога дојдовме кај “Св. Еразмо”, на патот стои свештено лице со бастун в раце. Се прекрстив и во себе велам: – Златен свети Еразмо, ти се...
Од утре ќе се излекуваш
Подолго време имав душевни маки. Ги употребив сите лекарски можности и овде и Германија, каде сум на работа. Со препишаните лекови само моментално се смирував. Помини нивното дејство, пак неиздржливи маки. Тој немир ми се одрази и во семејниот живот. Покрај...
Смок во пештерската црква
На 19. 2.2015 година Климе Нически ни го изнесе следното: – Кога беше епитроп Димче Факирчето во “Св. Еразмо”, помалата сестра со роднини отишла да се помоли таму. Влегле во пештерската црква. Се прекрстиле, запалиле свеќи. Кога погледнале кон...