Одам да купам јајца за вапсување за Велигден во Манастиров. Полно продавачи. Застанав кај една продавачка. И велам да ми даде еден шаблон.
Тазе се јајцава, само малку се валкани! – ми објаснува.
Аку се валкани. Ќе си ги измијам во “Св. Еразмо” – и велам.
Што работите таму?
Таму му служам на Св. Еразмо, сполај му.
Штом се за “Свети Еразмо”, подавајќи ми го шаблонот, еве Ви ги без пари. Јас на таа што беше со една рака (на поранешната црковнослужителка) редовно за “Св. Еразмо” за Велигден и давав без пари јајца.
Ама немојте, Ве молам, јас дојдов да купам, а не да ми давате без пари! – инсистирам да платам.
Свети Еразмо, да поможи, тој ќе плати – ми вели.
Само што го зедов шаблонот со јајца, гледам зад мене се создала редица од муштерии да купуваат одкај таа жена, а кај другите продавачи нема никој.
Ете си велам во себе, колку брзо плаќа “Св. Еразмо” – рече госпоѓата Веса Граждани при вапсувањето на манастирските јајца за Велигден на Велики Четврток (09.04.2015) во “Свети Еразмо”