Редовно им дававме бесплатно поручек/појадок, а и ручек, во нашиот мотел на тие што работеа во манастирот „Св. Еразмо“. Едно утро доаѓа порано, од обично, возбуден епитропот, Фаќирчето (Димче Гулески, магионичар) и ни вели:
– Коцареви, Драгице и Љупчо, што ми се случи иоќеска! Долго време не можев да заспијам сношти.
Кон полноќ во моето сопче влегува свето лице. Според ликот на фреските и на иконите, свети Еразмо. Стои до вратата. Со десната рака ме благослови крстовидно и кога и како исчезна не знам. Верувајте, бев буден, буден го видов свети Еразмо.
Ова г-ѓа Драгица Коцарева ни го изнесе на 19.2.2015 година. Ни рече уште дека, живеејќи два-триесет години во мотелот покрај “Св. Еразмо”, доживеала бројни случки што укажуваат дека навистина св. Еразмо е жив светец.