Во 2013 година од Скопје во „Св. Еразмо“ дошле родители со 8-годишно дете. Се викало Давид. Детето возрасно, но не зборувало. Родителите го носеле каде не. И детето се измачувало да пушти глас, и тоа со ишарет се молело во храмовите во коишто биле. Барајќи спас, биле дури и кај кушачки и бајачки.

– Дојдоа овде. Како да им беше последна утеха, последна надеж. Ми ја кажуваат маката. Детето со умилен поглед гледа во мене што ќе им речам на родителите. Тројцата ги однесов во пештерската црква. Како секаде: палат свеќи, се крстат и се молат за говор на детето пред обележјата.

Кога – одеднаш Давид почна да зборува.

Настана невидена радост кај родителите, среќа кај детето. Тој настан се случи пред мои очи. Таа глетка, среќа и радост постојано ми се како сега да ги гледам и да ги доживувам, вели Веса Граждани, кажувајќи ни дека овие среќници доаѓале и на следните Светиеразмови празнувања, дарувајќи го светецот со соодветни дарови

Pin It on Pinterest