Отец Алексиј од манастирот „Свети Еразмо“ живее како пустиник. Вели дека ништо не го вознемирува. Само понекогаш, по полноќ, му доаѓа глас што го вика по име:
„Алексиј, стани и види в црква!“
Тогаш тој станува и оди в црква. И секогаш тогаш гледа дека кандилото догорело, па треба да му се дотури.
И од многу други сме чуле слична повест за гласот што разбудува и вика на молитва. Има такви случаи тој глас да ги разбудува оние луѓе кои треба Да станат порано и да одат на пат. Тоа е гласот на ангелот хранител, кој се грижи за оние кои и се предани на службата.
Кн. „Емануил“, 1937