На Павловден (13.7) 2016 година манастирот “Свети Еразмо” го посети Неговото високопреподобие архимандрит Ѓорѓи од Романија, 84-годишник. Дојде во придружба на уште четири лица, вели госпоѓа Веса Граждани, која продолжи да раскажува…

Тој 10 години се молел да дојде во манастиров да му се помоли на Свети Еразмо. Како што бев работно облечена, му излегов во пресрет и му реков:

– Оче благословете.

Отецот ме благослови, а еден од придружниците што знаеше македонски ми вели дека архимандритот има благодат за свидиние, дека е проѕирлив.

Јас тебе не те видов ни во облеката, ни во лицето, туку го почуствував твоето срце. Пастирот ги познава овците по дух. Сакам ти да ме однесеш во пештерската црква да му се помолам на Свети Еразмо! – ми рече отецот.

Го зедов за рака. Кога влеговме во пештерската црква, побара да го кажам тропарот на Свети Еразмо, а потоа тој кажа многу молитви на романски јазик. Се случи нешто невидено. Пештерската црква озари, се исполни со извондредно пријатен мирис, а од иконата на Света Богородица потече миро.

По молењето во пештерската црква, гостите ги послужив со кафе и чај, а ми беше криво што немав набавено нешто за јадење. Чудно се чувствувам, како никогаш ме лазат трпки, се потам, мислам дека од секое влакно на косата ми капи пот. Се осмелив и му реков:

Ваше високо преподобие, во моментов ми изгледате како отец Пајсиј Светогорски и свети Јован Руски.

Со Св. Пајсиј пет години бев во Света Гора, а кај старецот Клеопа се исповедав! – рече монахот, додавајќи:

Го молам Господа уште еднаш некогаш да му се помолам на Свети Еразмо овде.

Ако не, го молам Свети Еразмо јас и ти да се видиме во рајот.

Реткиот посетител и неговата придружба задоволни си заминаа од манастиров.

Уште незаминати гостите низ главната порта, доаѓа д-р Лидија од Скопје и носи многу храна, овошје, зеленчук, дури и 7 риби. Значи, гостите петмина и јас и таа сме седум.

Од каде знаеше жената од сешто да донесе по седум парчиња?!

– Како не дојдовте некоја минута порано да ги послужевме и гостите? – и велам.

– Тука е моја грешка. Јас покажав себичност. Помислив само за нас две, а не и за други присутни посетители, рече д-р Лидија.

23 Август 2016 година


Забелешка:

  1. На поклонение на Св. Еразмо во пештерската црква бил и монахот Јован во Русија, од Битола, на празникот Си Свети (Сите Светии), на 26 јуни 2016 година.
  2. Проѕлив, човек со благодат да проѕира/гледа се, целосно кај човекот; да ја гледа иднината и суштината на сегашната нејасност.

 

Pin It on Pinterest