“Чудата на Свети Еразмо” е книга на д-р Стојан Ристески, од каде воглавно се позајмени содржините на овој сајт.
Доктор Стојан Ристески е роден на 2 ноември 1932 година во Лешани, Охридско. Завршил учителска школа во Битола (1952), ВПШ (1957) и Филозофски факултет (1960) во Скопје, а на 30 јуни 1975 година докторрал на Филозофскиот факултет во Нови Сад. Работел во селата: Оровник, Злести и Требеништа; во Учителската школа, во Гимназијата и во Педагошкиот завод во О-рид. Од 1983 до 1993 година беше професор по македонски јазик на универзитетите во Приштина и во Ниш, па на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид предаваше Културно наследство и Култура на однесување. Живее во Охрид и автор е на 70-тина публикации.
Пред скоро д-р Стојан го издаде и вториот дел од книгата “Чудата на Свети Еразмо”.
Оваа книга може да си ја купите во манастирот Свети Еразмо.
Твојот живот си го минал преподобно, премудар, со одежта на свештенството си се украсил, светло понижуван со крвта маченичка, Еразмо се удостои и за небесните пречисти почести и стоејќи пред Светата Троица се молиш за нас кои те воспеваме.