sveti-erazmo-krstenje-voda-timotej
sveti erazmo liturgija 2018

divider

Откако се покажа како љубител на Господа, го зеде крстот на рамо, си Го следел Него и така животот си го завршил. Евангелието си го објавил јасно и вистински, а во Охрид си ги просветлил сите народи. Затоа удостоен со божествени венци, си примил светост, преславен Свети Еразмо. Поради тоа те повикуваме: Моли Му се на Христа Бога да ни даде прошка на гревовите, нам кои со љубов го празнуваме твојот свет спомен. Амин.

Помислата за погрешен живот и минлива слава не те одврати тебе, блажен Свети Еразмо, а се крена кон небесата како бесплотен. И сега претстоиш пред Владиката и, со ангелите, непрестајно моли се, од сите маки да не избавиш нас. Амин

"Венец на благодатта си примил од Бога за твоите страдања, мудар Еразмо, и венчан си потрчал кон Христа, Кого што си Го посакувал постојано, откако си ја отфрлил распадливоста, и си викал: Сите дела Господови, благословете Го Господа"
- Песна од Канонот на Утрена на св. свештеномаченик Еразмо Охридски

Исполнет со чуда, како река што излеа исцеление од небото, блажен светителу Еразмо, сите болести ги исцели, мртовец воскресна и бесовите ги прогони. Ја посрами злобата на Диоклецијан и Максимилијан. Затоа и триплетен венец прими, од раката на Христа Бога. Него непрестајно за нас моли Го да ни даде прошка на гревовите, нам што со љубов го празнуваме твојот чесен спомен.

Оние што те почитуваат тебе, Свети Еразмо, и те повикуваат како застапник, спасувај ги од видливите и невидливите непријатели, од секаква неволја и секаква беда, со твоите молитви. Амин

divider

Избрани статии

Свети Еразмо ме повратил во живот

Кога имав 4-5 години, во 1974 или 1975 година (не може точно да се сети мајка ми), од 10-ти јуни бевме на одмор со рoдителите во Охрид, во одморалиштето “Андон Дуков”. Јас бев среќна весела. Но, ден-два пред празникот Свети Еразмо Охридски, кога се вративме од на...
Прочитај повеќе

Предупредување

Двајца другари од Велес дошле на летување во Охрид. Кампувале во автокампот “Елешец”. Кога им завршил одморот, се подготвувале за враќање. Во пресрет на денот за враќање, едниот велешанец ноќта, во сонот, како да се нашол со колата кај “Св. Еразмо”. Таму му излегла...
Прочитај повеќе

Прстенување во пештерската црква

Девојката Елена, од Скопје, со мајка ѝ и со сестра ѝ, пред една година дојдоа во манастиров. Уште не ја имав отворено пештерската црква. Ми го побараа клучот за тие да отворат. Таму Му се молеле на Св. Еразмо да им поможе да се омажи сестра ѝ, а и за неа. Набрзо се...
Прочитај повеќе

Со мене беше Свети Еразмо

Во зимата на 2000 година се враќав од Скопје со колата товарена со материјал за мојата фирма. Беше големо невреме, а сам. Кај Гостивар полицијата не дозволува патување со шлепери кон Кичево. И мене ме опоменаа, укажувајќи ми на опасностите со натоварената кола....
Прочитај повеќе

Свети Еразмо го спасил стружанецот

Еден стружанец, на 22-годишна возраст, со колата бил во Охрид. На враќање, кај мотелот на Коцарета, колата се свртила наназад. Оди лево-десно, овде ќе се преврте, онде ќе излета од патот. Се нашол пред влезната порта на „Св. Еразмо“. Пред да удри во портата, некоја...
Прочитај повеќе

Свети Еразмо Галерија (14 и 15 Јуни 2019)

Дебарско-кичевска епархија 

Галерија од манастирот

Pin It on Pinterest