Кога имав 4-5 години, во 1974 или 1975 година (не може точно да се сети мајка ми), од 10-ти јуни бевме на одмор со рoдителите во Охрид, во одморалиштето “Андон Дуков”. Јас бев среќна весела. Но, ден-два пред празникот Свети Еразмо Охридски, кога се вративме од на плажа, сум паднала во бессознание, сум престанала да дишам и сум почнала да помодрувам.

Родителите повикале Брза Помош. Тие констатирале моја смрт. Татко ми, како вработен во Фондот за здравство, превзел мерки за мој транспорт во Скопје.

Кога мајка ми останала сама во собата со мене, во визија, почнала да слуша машки и женски глас како се спуштаат од некоја висина и се договараат меѓу себе каде ќе одат: кај мене Св. Еразмо, а кај едно тригодишно болно машко дете- светицата.

На вратата од собата се појавила една светица во црно и со неа Св. Еразмо. Мајка ми се преплашила. Во тој момент мајка ми ми ги допрела прстите од нозете и сум почнала да се затоплувам, па светицата рекла:

Побрзо да одиме кај детето!

Тоа може да почека малку, овде е итно! – одговорил Св. Еразмо

Топлината откај нозете ми идела нагоре. Кога сум се затоплила до срцето, сум почнала да дишам.

Сега одиме кај детето! – рекол Св. Еразмо

Потоа со мене беше се во ред. За секој случај, отидовме во болницата во Охрид. По прегледот, ни рекоа дека не ми е ништо и воопшто нема никакви знаци дека пред тоа нешто ми се случило. Од Брза Помош немаа одговор за случката.

Нашиот одмор продолжи. Јас, како што ми кажува мајка ми Тодорка, сум се однесувала како и предходно: среќна и весела.

Ете, мене ме повратил во живот Св. Еразмо – ни рече г-ѓа Мимоза Раповска, од Скопје, на 3 јуни 2017 година.

Pin It on Pinterest