Пишани записи за чудата на Свети Еразмо

divider

Турчинот и христијанинот

Еден турчин и еден христијанин оделе заедно покрај “Свети Еразмо”. Христијаниот се прекрстил пред црквата, а турчинот му рекол: “Уф бре, каурин, кому крстиш? На оној пенџерана” А овој му одговорил: “Не е пенџере она, туку е светец.” “Море, како светец, ѓаур еден” -...

Свети Еразмо ме повратил во живот

Кога имав 4-5 години, во 1974 или 1975 година (не може точно да се сети мајка ми), од 10-ти јуни бевме на одмор со рoдителите во Охрид, во одморалиштето “Андон Дуков”. Јас бев среќна весела. Но, ден-два пред празникот Свети Еразмо Охридски, кога се вративме од на...

Редок посетител

На Павловден (13.7) 2016 година манастирот “Свети Еразмо” го посети Неговото високопреподобие архимандрит Ѓорѓи од Романија, 84-годишник. Дојде во придружба на уште четири лица, вели госпоѓа Веса Граждани, која продолжи да раскажува... Тој 10 години се молел да дојде...

Предупредување

Двајца другари од Велес дошле на летување во Охрид. Кампувале во автокампот “Елешец”. Кога им завршил одморот, се подготвувале за враќање. Во пресрет на денот за враќање, едниот велешанец ноќта, во сонот, како да се нашол со колата кај “Св. Еразмо”. Таму му излегла...

Уште една кола застанала пред “Свети Еразмо”

Оваа случка е како продолжение на таа што ја објавивме предходно... https://svetierazmo.mk/cuda/zastanala-kolata-pred-sveti-erazmo/ Слично ми се случи и мене. На идење од на работа во Белчишта, доцна во ноќта, околу 2 часот, уморен и занесен, заборавив да се прекрстам...

Застанала колата пред “Свети Еразмо”

Еден големец, познат на маж ми, на враќање од Охрид за Скопје колата му застанала точно под влезната порта на “Св. Еразмо”. Тука застанала, изгаснала и никако да запали. Ете ги со жена му пешки кај нас во мотелот. - Леле што да правиме?! Колата ни застана. За жива...

Гласот на Свети Еразмо

Свети Еразмо е мој светец, ни рече г-ѓата Драгица Коцарева на 22 јуни 2016 година, кога ни го изнесе следниот случај. Секогаш за празникот на Свети Еразмо во Неговиот манастир за јадење носев печено месо, а во пости посен специјалитет од мотелот. На еден неков празник...

Прстенување во пештерската црква

Девојката Елена, од Скопје, со мајка ѝ и со сестра ѝ, пред една година дојдоа во манастиров. Уште не ја имав отворено пештерската црква. Ми го побараа клучот за тие да отворат. Таму Му се молеле на Св. Еразмо да им поможе да се омажи сестра ѝ, а и за неа. Набрзо се...

Чудно именување

Околу 1980 година, во попладневните часови, маж и жена, муслимани, со велосипеди се враќале од село Горенци за Охрид. Како што се приближувале кон манастирот “Свети Еразмо” слушнале женско пеење во хор, изговарајќи го името на жената. И тоа не еднаш, туку неколку...

Исполнета желба

Од манастирот "Св. Еразмо" Емилија Пулеска ја купила книгата Чудата на Свети Еразмо. По нејзиното прочитување, ноќта, на сон и се јавил Св. Еразмо и ја прашал: - Што сакаш да ти помогнам? - Сакам да одам во странство! - му рекла. Навистина Св. Еразмо и помогнал....

Човекот со ќулавка

Една девојка со кола идела кон Охрид (2015). Со неа било нејзиното момче. Некаде околу полноќ (24 часот) биле под манастирот “Св. Еразмо”. Изненадно пред нив излегол човек со ќулавка на главата. Поради брзото возење, не можела девојката веднаш да застане/закочи. По...

Ми се испречи ѕид

На 13.12.2015 година господинот Мустафа Асан од Охрид (роден 1946) ни го изнесе следното. Бев возач во Земјоделската задруга “Горица”. Возев камион, со кој превозував од и за Задругата. На пат одев во секое време по потреба: дење, ноќе. Еднаш, во 1978/1979 година,...

Случка поради погрешно именување на светител

Како православен христијанин верувам и се крстам во нашата света вера. Секогаш кога поминувам покрај некој храм или покрај православен симбол, се крстам. Пред 7-8, ако не и повеќе, години, со мојата кола, јас, мојата сопруга, внукот со сопругата и малата им ќеркичка,...

Брзо плаќање од Свети Еразмо

Одам да купам јајца за вапсување за Велигден во Манастиров. Полно продавачи. Застанав кај една продавачка. И велам да ми даде еден шаблон. Тазе се јајцава, само малку се валкани! – ми објаснува. Аку се валкани. Ќе си ги измијам во “Св. Еразмо” – и велам. Што работите...

Пламен од свеќа на слика

Западнав во тешка душевна мака, во депресија. Сам се доведов до тоа, ама зошто? Не почитував една глупост на сезнајните. Не смеам дома никому да му кажам, а некажаната болка повеќе боли. Срам-несрам, му се доверив на стрико ми. Ми вели да појдам во пештерската црква...

Со мене беше Свети Еразмо

Во зимата на 2000 година се враќав од Скопје со колата товарена со материјал за мојата фирма. Беше големо невреме, а сам. Кај Гостивар полицијата не дозволува патување со шлепери кон Кичево. И мене ме опоменаа, укажувајќи ми на опасностите со натоварената кола....

Жената што ги донесе чорапите

Летото 2015 со синот и снаата со кола се враќавме доцна навечер откај Струга за Охрид. Седам на задното седиште. Кога дојдовме кај "Св. Еразмо", на патот стои свештено лице со бастун в раце. Се прекрстив и во себе велам: - Златен свети Еразмо, ти се молам, не пречи ни...

Од утре ќе се излекуваш

Подолго време имав душевни маки. Ги употребив сите лекарски можности и овде и Германија, каде сум на работа. Со препишаните лекови само моментално се смирував. Помини нивното дејство, пак неиздржливи маки. Тој немир ми се одрази и во семејниот живот. Покрај...

Смок во пештерската црква

На 19. 2.2015 година Климе Нически ни го изнесе следното: - Кога беше епитроп Димче Факирчето во "Св. Еразмо", помалата сестра со роднини отишла да се помоли таму. Влегле во пештерската црква. Се прекрстиле, запалиле свеќи. Кога погледнале кон иконата, што ќе видат -...

Буден го видел Свети Еразмо

Редовно им дававме бесплатно поручек/појадок, а и ручек, во нашиот мотел на тие што работеа во манастирот „Св. Еразмо“. Едно утро доаѓа порано, од обично, возбуден епитропот, Фаќирчето (Димче Гулески, магионичар) и ни вели: - Коцареви, Драгице и Љупчо, што ми се случи...

Лековитата вода и за стопански цели

Меѓу бројните посетители на манастирот „Св. Еразмо“ на неговиот ден, 15 јуни, се и жителите на селото Волино. Оваа посета, покрај за здравје, живот, среќа, исполнување на некоја желба од светецот Еразмо, има и стопанско значење. Имено, како полско село, Волино...

Положен возачки испит

Скоро, пред месец-два, дојде еден младич од Охрид. Донесе: леб, пченица и вино. На прашањето каде да ги остави, му велам: - Остави ги во пештерската црква. Таму помоли се и дојди долу. - Што ти е маката? - го прашувам. - Мака! Ете, девет пати паѓам на возачки испит....

Свети Еразмо ја “платил” фреската

Новата црква во „Св. Еразмо“ не беше живописана. Ме викна Иљо Зимбо и попот Климе Џепар. Им велам дека не е можно да се живописува на ѕидот од големата влага. Излез беше фреската да се изработи на дрвена подлога и да се монтира на ѕидот. Изработката на фреската ми...

Свети Еразмо спасил партизан

На Ице Блажески од Битола ние сме му кумови. Тој ми го кажа следниот случај, ни рече Климе Нически од Охрид на 12. 2. 2015 година. Ице бил партизан. При расчистувањето на остатоци од балистите во доцната есен на 1944 година бил на должност помошник на командантот на...

Ветеното се извршува

Првата икона што ја изработив беше за св. Еразмо во 1970 година. Од изработката сум задоволен и си велам во себе: „Оваа икона ќе ја подарам на некоја црква“. Од изработката на иконата помина доста време. Заборавив на ветеното. Една ноќ, пред разбудување, нешто ме...

Изненадно невреме

Еден охриѓанец на својот имот во близина на манастирот „Св. Еразмо“ имал мал објект во кој чувал живина и др. Преку летото на 2014 година со шурна (свеска) му со кајче отишле да прошетаат по езеро. Денот прекрасен, небото ведро, езерото мирно. Набрзо се надвиснал...

Вратите сами се отвориле

Скопска фамилија, околу 2000 година, тргнала со кола за Охрид. Патем малку фалело да се удрат со друга кола, да настрадаат сите. - Избегнавме голема несреќа. Сполај му за тоа на Господа. Ќе влеземе во некоја црква да запалиме свеќи, да му благодариме на Спасителот! -...

Колата лебдеше

На Свети апостол Тома (19. X) во 2014 година во „Св. Еразмо“ дојдоа маж и жена од Охрид. Му благодареа на св. Еразмо што претходнот ден вечерта ги спасил. Имено, двајцата оделе од Охрид за Струга, кај што имале своја фирма. Некаде после бензинската пумпа колата...

Свети Еразмо го спасил стружанецот

Еден стружанец, на 22-годишна возраст, со колата бил во Охрид. На враќање, кај мотелот на Коцарета, колата се свртила наназад. Оди лево-десно, овде ќе се преврте, онде ќе излета од патот. Се нашол пред влезната порта на „Св. Еразмо“. Пред да удри во портата, некоја...

Сега сум како нов

Цела година ме болеше многу главата. Бев нервозен, раздразлив, немав мир во душата. На одење за Охрид влегов во „Св. Еразмо“. Запалив свеќи во пештерската црква и во другата црква. Го молев св. Еразма: „Свети Еразмо, многу ме боли главата, помогни ми...“ Кога стасав...

Усреќена муслиманка

Често се среќавав со една девојка муслиманка. Работеше во струшка фирма. Се имаше земено на смеење, се кажуваше преку смеа. Поради то изгледаше смешна пред другите. И велам да дојде во „Св. Еразмо“. Дојде. По подолгиот разговор, дадов да ми прочита од житието на св....

Усреќен турчин

Во посета на манастирот „Св. Еразмо“ дошол Турчин од Охрид. Црковнослужителката му рекла: - Пушти ми некој мајстор да го измачка одајчево. - Ќе ти пуштам еден Турчин. Ако е муслиман, божовен е, само е сиромав, па гледај дај му некоја пара. Дошол мајсторот, беспрекорно...

Доживеал повеќе чуда

На 5 февруари 2015 година господинот Љупчо Китаноски, од Охрид, ни го раскажа следното. - Дваесет години немав деца. Како работник/патар 10 години работев на одржување на двата пата близу до „Св. Еразмо“. Практично бев во непосредна близина на „Св. Еразмо“. Кога...

Од Бугарија за благослов

Во 2012 година во манастирот „Св. Еразмо“ дошле од Бугарија свекор, свекрва со снаата од син. Невестата во брак била 15 години, но со сопругот немале деца. Дали по нечија препорака или по „повик“ на св. Еразмо дошле во Охрид. Тројцата влегле во пештерската црква. Се...

Добивање син

Млад брачен пар од Тетово 9 години немал пород. Дошле во Охрид за викенд. На враќање, на 4 мај 2012 година, наспроти пештерската црква „Св. Катерина“, им застанала колата. Пали, но не мрда од местото. За наназад оди без грешка. Младата дама се сетила. Ќе одат во...

Давид прозборел

Во 2013 година од Скопје во „Св. Еразмо“ дошле родители со 8-годишно дете. Се викало Давид. Детето возрасно, но не зборувало. Родителите го носеле каде не. И детето се измачувало да пушти глас, и тоа со ишарет се молело во храмовите во коишто биле. Барајќи спас, биле...

Pin It on Pinterest