Еден стружанец, на 22-годишна возраст, со колата бил во Охрид. На враќање, кај мотелот на Коцарета, колата се свртила наназад. Оди лево-десно, овде ќе се преврте, онде ќе излета од патот. Се нашол пред влезната порта на „Св. Еразмо“. Пред да удри во портата, некоја голема сенка го ставила контејнерот меѓу колата и портата. Да не бил контејнерот, колата ќе се превртела во провалијата, ќе загинел возачот.

Следниот ден дошол младиот стружанец да му благодари на св. Еразмо што му го спасил животот. Тој човек имал текстилна фирма. Во знак на благодарност на манастирот „Св. Еразмо“ му подарил пижами и сто евра оштета за портата. Всушност, само малку била потсвиткана ламарината од портата.

Pin It on Pinterest