“Света Екатерина” – Охридска Пештерска Црква

sveta ekaterina ohrid

На 200 м од “С. Еразмо”, северозападно, е пештерската црква “Св. Екатерина”. До неа се оди по стрмно бетонирано патче. И оваа пештерска црква е дел од манастирот “Св. Еразмо”, и таа е позната по своето духовно делување.

sveta-ekaterina-betonirano-patce

Правилното име на светата великомаченичка е Екатерина, но е позната без првото Е. По смртта на татко и, царот Конст, во Христовата вера ја привела мајка и. Преку визија Екатерина примила прстен од самиот Исус Христос, кој и сега стои на нејзиниот живоиконопис.

sveta-ekaterina-vnatresnost

Настрадала од големи мачења на Максимијан на 24 ноември/7 декември на 18-годишна возраст во 310 година. Од нејзиното исечено тело потекло млеко, наместо крв.

Нејзините мошти почиваат на Синај.

Pin It on Pinterest