“Година 93/94. Се враќаме од прослава околу 2 или 3 часот после полноќ кога фати невреме со силен дожд и ветар. Беме 2 коли – 10 луѓе заедно, кога пред Св. Еразмо каде што е бунарчето имаше редица дрва кои за жал сега ги нема. Тие дрва беа опожарени и од силниот ветар и дожд гледавме искри кои од силниот ветар правеа неопослива глетка.

На тоа јас реков ова е некое чудо и мора да се вратиме на Св. Еразмо да му се поклониме.

Другиот ден се собравме сите и отидовме кај Св.Еразмо да запалиме свеќи и да се поклониме кога видовме право чудо.

Дрвата кои беа опожарени беа нормални како ништо да не се десило.
Слава на Св.Еразмо.”

Со почит,
Милчо Славески од Германија.

Pin It on Pinterest