Еден турчин и еден христијанин оделе заедно покрај “Свети Еразмо”. Христијаниот се прекрстил пред црквата, а турчинот му рекол:

“Уф бре, каурин, кому крстиш? На оној пенџерана”

А овој му одговорил:

“Не е пенџере она, туку е светец.”

“Море, како светец, ѓаур еден” – зел еден камен, го фрлил на пенџерчето, се одбил од пенџерчето, го удрил по главата турчинот и речиси го оќорел.

Вечерта турчинот сонувал сон. Му се јавил Свети Еразмо и му рекол:

Ако сакаш да ти се врати видот, да дојдиш Елбасан, да земиш меф масло, елбанско, да ги запалиш сите кандила во Свети Еразмо, Свети Климент, Свети Стефан, Свети Јован, Свети Наум, Свети Архангел, покрај цело езеро. Да горат 3 дена и 3 вечери и тоа сам да ги запалиш.

Така ќе ти се врати видот.

Видел невидел, турчинот отишол Елбасан, зел меф масло, ги наполнил и запалил сите кандила, гореле 3 дена и 3 ноќи и така целосно прогледал.


Забелешки:

  1. Кажувањето е на Викторија Зарчева. Го превзедовме од книгата “Легенди и преданија” на д-р. Марко Китески, стр. 127-128, а е застапено и кај Драги Стефанија.
  2. На некои места, наместо “оќорел” се среќава “онемел”.

Коментари

Pin It on Pinterest