Околу 1980 година, во попладневните часови, маж и жена, муслимани, со велосипеди се враќале од село Горенци за Охрид. Како што се приближувале кон манастирот “Свети Еразмо” слушнале женско пеење во хор, изговарајќи го името на жената. И тоа не еднаш, туку неколку пати.

Пеењето доаѓало откај манастирската чешма под новиот пат. Кога го слушнале тоа, сопружниците застанале, мислејќи дека во нивите работат жени или нив така им се причинило именувањето.

Но кога стасале кај чешмата, ниту песна се слушало, ниту жени работеле.

Оваа случка за сопружниците била потресна. Со оглед каде се случила, ја чувале во тајност досега.

– 26. 08.2016

Коментари

Pin It on Pinterest