Една девојка со кола идела кон Охрид (2015). Со неа било нејзиното момче. Некаде околу полноќ (24 часот) биле под манастирот “Св. Еразмо”. Изненадно пред нив излегол човек со ќулавка на главата. Поради брзото возење, не можела девојката веднаш да застане/закочи. По 50-тина метри застанала. Излегла од кола да виде што е со човекот: жив ли е или го усмртила.

Но немало траги од него ни за жив ни за умрен. Кога се сетиле со момчето каде им излегол “човекот” кој бил, со страв одвај си отишле до дома.


Забелешка: Има бројни кажувања за појавување на белобрад старец или свето лице на патот околу манастирот “Св. Еразмо”. Се појавува и исчезнува.

Pin It on Pinterest