Свети Еразмо направи разни чуда со силата на Христос, кој делуваше во него. Во тие (чуда), на слепи даваше вид, а разболени од разни болести ги лекуваше. Имаше и некој благородник и првенец на овој град (Лукридон), по име Анастас, чиј син лежел мртов, а неговото тело го носеа да го закопаат. За ова му беше кажано на Свети Еразмо за да го воскресне и да им го предаде на родителите. Доаѓајќи до неговиот гроб, блажениот рече:
“Анастасе, ако ти веруваш во Господ Исус Христос, родениот од Светиот Дух и девицата Марија, ќе ти го воскреснам синот”.
Настана голема мешаница во народот кој присуствуваше вчудовидувајќи се на очекуваното. Тогаш Анастас рече:
“И ти можеш да го воскреснеш син ми?”
Свети Еразмо на тоа одговори:
“Не јас, туку мојот Господ Исус Христос, кому јас сум му роб!”
Анастас рече:
“Ако ми го оживееш син ми, ќе поверувам и јас и мојата куќа и сиот овој народ.”
Кон ова светиот Еразмо додаде:
“Симнете го мртовецот од ковчегот!”
Потоа учтиво им нареди на неговата мајка и на татко му да го придржат, и клекнувајќи, над телото викна со силен глас и рече:
“Детенце, воскресни”
Детето воскресна и викна гласно:
“Голем е богот на христијаните”
И, свртувајќи се кон татко му, рече:
“Татко, досега грешевме. Боговите што ги почитувавме не се ништо, ги видов во адот како немаат мир од маките. Богот на овој Свети Еразмо е голем”.
Така поверува Анастас и целата негова куќа и во тој час од присутниот народ се покрстија околу 40 илјади луѓе.
– Од Првото житие на св. Еразмо