Скоро, пред месец-два, дојде еден младич од Охрид. Донесе: леб, пченица и вино. На прашањето каде да ги остави, му велам:

– Остави ги во пештерската црква. Таму помоли се и дојди долу.

– Што ти е маката? – го прашувам.

– Мака! Ете, девет пати паѓам на возачки испит. Во што е работата не знам. Ако е до мене нешто, го молам св. Еразма да ми помогне…

– Не плаши се! Бог ќе ти помогне.

Тоа беше во четвртокот. Еве го младичот следниот ден, во петокот, и ми вели:

– Тетко, св. Еразмо ја услиши мојата молба. Само што се појавив денеска, комисијата ми вели: “Нема што да полагаш, ти имаш положено”

Со голема благодарност кон св. Еразмо момчето си отиде, ни рече Веса на 3. 2. 2015 година.

Pin It on Pinterest