Старата калуѓерка од манастирот „Свети Стефан“ кај Охрид – сега во 80-та година – кажува:

– Минатата година бев на денот на славата на свети Еразмо (2 јуни по стариот календар) и послужив колку што можев. Кога си разотидоа гостите, останав да преноќувам и да се одморам. Ноќта на сон ми дојдоа двајца луѓе и застанаа од двете мои страни. За еден, кој беше како владика, помислив дека е свети Еразмо. Тој ми рече:

– Спиеш ли, спиеш, калуѓерке?

А јас реков дека сум уморна и морав да легнам. Тој продолжи:

– А какви молитви читаш?

Јас одговорив дека сум неписмена и стара и му се молам на Бога како што умеам, на свој начин. Тогаш тој рече:

– Треба почесто да читаш: „Оче наш“, „Богородице Дево“ и „Верују“, а понекогаш и „Возбранној Војеводе“.

И ми дојдоа и јас почнав да читам „Оче наш“, а тие покроце по мене. Потоа и „Богородице Дево“ и тие полека по мене.

– Ајде сега читај „Верују“! – ми рече оној постариот.

Јас почнав, бидејќи не знам баш добро, па тие со појак глас почнаа да читаат, а jас по нив. Тогаш уште еднаш ми рекоа тие три молитви секој ден да ги читам и ги снема, а јас се разбудив и се прекрстив. И сега често ги читам тие три молитви секој ден.

Кн. „Емануил“, 1937.

Pin It on Pinterest