Често се среќавав со една девојка муслиманка. Работеше во струшка фирма. Се имаше земено на смеење, се кажуваше преку смеа. Поради то изгледаше смешна пред другите. И велам да дојде во „Св. Еразмо“. Дојде. По подолгиот разговор, дадов да ми прочита од житието на св. Еразмо. Ми вели дека чудни доживувања имал светецот. Потоа отидовме во пештерската црква. Запали свеќа. Кога излезе оттаму, ми вели:

– Леле, како чудно се чувствувам!

Почна девојката редовно да доаѓа во „Св. Еразмо“ на поклонение и од ден на ден се подобро се чувствуваше. Ми ја кажува нејзината мака: има 29 години, а не е омажена, сака да формира семејство. „Господ преку св. Еразмо ќе ти помогне“, и велам.

И и помогнал. Преку интернет се запознала со младич од 23 години, со кого на 6. 2. 2015 година разменале вршенички прстења. Пресреќна е, а од работа ја отпуштиле зашто доаѓала во „Св. Еразмо“, во православна црква, ни рече Веса Граждени на 3. 2. 2015 година.

Pin It on Pinterest