На Свети апостол Тома (19. X) во 2014 година во „Св. Еразмо“ дојдоа маж и жена од Охрид. Му благодареа на св. Еразмо што претходнот ден вечерта ги спасил. Имено, двајцата оделе од Охрид за Струга, кај што имале своја фирма. Некаде после бензинската пумпа колата почнала да врти лево-десно. Кога дошле близу „Св. Еразмо“, се отвориле капаците од колата, колата почнала да лебди на десната страна, кон брегот се додека не го заминале светото место. Имале среќа што ни пред, ни по нив, ни од спротивната страна немало друго возило.

Слична случка и се случила пред тоа на жената кога со колата одела за Струга навечер. Некаде во висина на чешмата под патот, стоел човек и кренал рака. Жената мислела дека човекот сака да се превози до некаде. Се подвратила назад да го земе, кога него го нема.

Сфатила што е, кој бил човекот, но не можела душевно да се смири што сакал светецот св. Еразмо да и каже, да ја опомене, ни рече Веса Граждани на 5. 2. 2015 година.


Забелешка: На патот под манастирот „Св. Еразмо“ се случени бројни сообраќајни незгоди. На едни со кофа нешто им било фрлено на шофершајбната. На други, одејќи за Дебрца, на кривината им се откачила приколката од колата и загинале двајца браќа од Ботун, а возачот повреден итн.

Сите непријатности случени на овој пат се толкуваат поради тоа што тој врви низ манастирскиот имот, неупотребување крстен знак и сл.

Pin It on Pinterest