Во 2012 година во манастирот „Св. Еразмо“ дошле од Бугарија свекор, свекрва со снаата од син. Невестата во брак била 15 години, но со сопругот немале деца.
Дали по нечија препорака или по „повик“ на св. Еразмо дошле во Охрид. Тројцата влегле во пештерската црква. Се молеле, свекорот и свекрвата, се разбира, за пород на невестата, а најмногу таа. Останала бремена. Родила машко дете.
Оттогаш редовно доаѓаат на празникот на св. Еразмо, носејќи подароци. За благодарност, на храмот „Св. Еразмо“ му подарила и уметничка слика со охридски мотив, која се чува на соодветно место.