Во посета на манастирот „Св. Еразмо“ дошол Турчин од Охрид. Црковнослужителката му рекла:
– Пушти ми некој мајстор да го измачка одајчево.
– Ќе ти пуштам еден Турчин. Ако е муслиман, божовен е, само е сиромав, па гледај дај му некоја пара.
Дошол мајсторот, беспрекорно ја свршил работата.
– Колку пари ти чини работата? – бил прашан.
– Не треба ништо, алал за вакот.
– Како може без пари? Сиромав човек си. Божјиот закон вели дека еден од смртните гревови е скусување дневница на работник.
– Пари не барам, ама, ако сакаш, моли го светецот да ми прави едно добро. Имам две ќерки. Едната има 28, а другата 32 години. Лични, работни се, ама немаат среќа зашто сме сиромаси.
– Молбата, што е до мене, ќе ти ја исполнам. Ако не земаш пари, почекај да ти дадам една риза бакшиш од св. Еразмо.
Човекот со стравопочит ја чувал ризата, ја поставил на видно место во домот. Набрзо двете ќерки му се омажиле во странство. Во куќата му тргнало се на убаво. Оттогаш Турчинот редовно го посетува „Св. Еразмо“. При едно доаѓање рекол:
– Ризата ја чувам на видно место. Таа ми донесе среќа. Свети Еразмо е чудотворец.