Оваа случка е како продолжение на таа што ја објавивме предходно…
Слично ми се случи и мене. На идење од на работа во Белчишта, доцна во ноќта, околу 2 часот, уморен и занесен, заборавив да се прекрстам кај “Св. Еразмо” и под манастирот, на средпат ми згасна колата. Одвај успеав со туркање да ја тргнам крајно лево на патот. Гледајќи каде сум, се прекрстив, и реков:
Златен Свети Еразмо, нема што, ноќва ќе сум крај тебе. Те молам помогни ми!
Пробав уште еднаш.
Колата на прва запали и си дојдов дома! – ни рече еден Охриѓанец на 18 јули 2016 година.