Летото 2015 со синот и снаата со кола се враќавме доцна навечер откај Струга за Охрид. Седам на задното седиште. Кога дојдовме кај “Св. Еразмо”, на патот стои свештено лице со бастун в раце. Се прекрстив и во себе велам:
– Златен свети Еразмо, ти се молам, не пречи ни го патот! Или помини, или да поминеме.
Свештеното лице се поттргна наназад и поминавме. На синот и снаата не им реков што видов, а тие ништо не забележаа. Дома, само што заспав, во сонот ми се јавува глас.
– Ќерка ти ја болат нозете. Во шифоњерот најгоре има кафеави чорапи. Донеси ми ги тие чорапи. Јас ќе ја излекувам.
– Кој си ти што ми зборуваш?
– Јас сум свети Еразмо.
Нестрпливо го дочекав утрото. Навистина чорапите беа најгоре во шифоњерот. Ќерка ми со семеството беше на одмор во Дурус, Албанија.
И се јавувам:
– Ќерко како си? Те болат нозете?
– Што ти текна мајко да ми се јавуваш олку рано и да ме прашуваш за нозете? Ме болат, па што?
– Е од денеска нема да те болат! – и велам.
И навистина така би!
… рече жената предавајќи ги чорапите за Манастиров што ги побарал свети Еразмо.