Еден охриѓанец на својот имот во близина на манастирот „Св. Еразмо“ имал мал објект во кој чувал живина и др. Преку летото на 2014 година со шурна (свеска) му со кајче отишле да прошетаат по езеро. Денот прекрасен, небото ведро, езерото мирно. Набрзо се надвиснал темен облак, се кренале бранови – опасност да се преврти кајчето, двајцата да се најдат в езеро. Му текнало на мажот да бара спас, заштита од св. Еразмо:

„Свети Еразмо, те молам, смилувај се, спаси не…“

Не поминале 5-6 минути, небото се изведрило, езерото се смирило. По излегувањето на суво, двајцата дошле да запалат свеќи, да му благодарат на св. Еразмо што ги спасил.

 

Pin It on Pinterest