Меѓу бројните посетители на манастирот „Св. Еразмо“ на неговиот ден, 15 јуни, се и жителите на селото Волино. Оваа посета, покрај за здравје, живот, среќа, исполнување на некоја желба од светецот Еразмо, има и стопанско значење.
Имено, како полско село, Волино најмногу живее од житарици, но затоа е изложено и на штети од глувци. Волинци на празникот земаат вода од чешмичката што е под манастирот. Таа вода се тура в амбар да не го јадат глувци житото.
Од мон. „Волино“
Забелешка: Сега, пак, глувци нема во манастирот, но на самиот празник многу глувци ќе надојдат и шетаат низ луѓего како питоми, вели Веса Граждани.