Во зимата на 2000 година се враќав од Скопје со колата товарена со материјал за мојата фирма. Беше големо невреме, а сам. Кај Гостивар полицијата не дозволува патување со шлепери кон Кичево. И мене ме опоменаа, укажувајќи ми на опасностите со натоварената кола. Меѓутоа, требеше хитно да го донесам материјалот во фирмата. Ризично-неризично го продолжив патот.
Над каменоломот почуствував како ми дојде сила и сигурнот. Ги престигнувам заглавените автомобили во снегот.
Пред Стража, во еден момент, имав чуство дека до мене, на предното седиште, седи еден старец со долга брада. Истовремено почуствував многу пријатен мирис, не можам да одредам на што, но многу пријатен.
Кога дојдов Кичево, сообрајќајците ме прашуваат од каде идам со толку товар. Се зачудија кога им кажав.
Па досега никој не е пристигнат што доаѓа од кај Гостивар! – велат.
По две години од овој настан, првпат дојдов во манастиров “Св. Еразмо”. Секогаш кога сум поминувал по патот крај манастиров сум се крстел. Ликот на св. Еразмо дотогаш го немав видено. Кога го видов на фреските и на иконите од манастиров, ми беше ист како “старецот” со кој се возев во 2000 година, т.е. со мене тогаш беше Св. Еразмо. Оттогаш редовно идам во манастиров и колкупати да поминам крај него, секогаш се крстам.
Свети Еразмо е мој заштитник. Моите чувства кон Него се силни. На Негов празник го купив просторот за фирмата, на Негов ден, по долги измачувања, ми оздраве ќерката.
Ја користам секоја прилика, сам или со семејството, да му се поклонам на Св. Еразмо во манастиров, ни рече господинот Павле Михајлоски, од Охрид, при посета на “Св. Еразмо” на 1 јули 2016 година.