Свети Еразмо е мој светец, ни рече г-ѓата Драгица Коцарева на 22 јуни 2016 година, кога ни го изнесе следниот случај.

Секогаш за празникот на Свети Еразмо во Неговиот манастир за јадење носев печено месо, а во пости посен специјалитет од мотелот. На еден неков празник си велам:

Никогаш не сум однесла ќебапи.

Наполнив три овали со ќебапи и помфрит. Ги однесов в манастир.

Леле колку убаво мирисаат! Од кога ми се јадат ќебапи.  – рече епитропот и ја пушти раката да земе. Но веднаш потоа ја тргна велејќи:

“Не, прво треба да ги отпее владиката”

Ова е гласот, оваа е желбата на Свети Еразмо искажана преку устата на братот епископ – рече еден свештеник и сите присутни го употребија крсниот знак зошто на софрата бил и Свети Еразмо.

Pin It on Pinterest