Во народните преданија, за да се потенцира чудотворната моќ на светците, често се здружуваат, без разлика на временскиот интервал во кој живееле, што ги разделувал.

Едно такво предание соопштува Ефтим Спространов во книгата „Записи за историјата на Охрид“ за св. Еразмо, св. Климент и св. Наум, иако нив ги разделуваат шест века. Неговата суштина е следна.

Свети Еразмо им бил другар на свети Климент и на свети Наум. Тројцата другари/светци истовремено ги граделе нивните цркви. Тие располагале само со по еден алат: еден скепар, еден чекан, еден сврдел и други потребни алати се по еден на број.

Кога ќе му затребел на еден од нив некој алат, на пример скепар, којшто бил кај друг, тој сам му идел и после сам се враќал или, пак, му бил препраќан на третиот итн. Така, со еден ист алат се служеле тројцата светци при изградбата на нивните три цркви.

Pin It on Pinterest